Инсбрук беше домаќин на осмата класична трка во две серии во женска конкуренција од Светскиот куп во санкање на вештачки патеки.
Главниот град на областа Тирол беше избран по вторпат, како замена за корејскиот Пјонгчанг, кој беше оттргнат од календарот поради пандемијата.
До втората победа во сезоната, а воедно и во интервал од една недела, дојде Германката Натали Гајзенбергер (1:19,728), која водеше и после првата серија.
Всушност, пласманот на првите четири санкачки од првото остана ист и по второто санкање.
Подиумот го комплетираа Јулија Таубитц (+0,082) и Самер Бричер (+0,286), а под половина секунда заостануваа Екатерина Катникова (+0,384) и Дајана Ајтбергер (+0,460).
Освен горенаведените натпреварувачки, во првите десет се пласираа уште: Маделен Егле (+0,501), Андреа Фетер (+0,531), Ешли Фаркхарсон (+0,566), Викторија Демченко (+0,625) и Татјана Иванова (+0,626).
📸 Adam Pretty/Bongarts/Getty Images