Иван Тричковски е странецот кој е најдобар во кипарскиот шампионат и долги години доминира во таа лига. Минатата сезона Тричковски беше најдобар стрелец во првенството, а тој примат го има и оваа сезона бидејќи во одиграните осум кола веќе има пет гола на листата на стрелци.
На последниот првенствен натпревар на гостувањето против Ермис македонскиот репрезентативец, воедно и капитен на Аек Ларнака ги постави во 85 минута конечниот резултат од 0:2. Вториот интернационалец од Македонија, Стефан Спировски за гостите настапи од 67 минута на теренот.



