Составот на Гравелин Данкерк пред своите гледачи загуби од Дижон со 81-67 и со тоа македонскиот репрезентативец, Војдан Стојановски и Гравелин Данкерк го претрпеа четвртиот пораз во петтиот натпревар во првата лига на Франција.
Војдан Стојановски средбата ја заврши со седум поени и еден освоен скок, а во следното коло тимот на Гравелин Данкерк има тешко гостување против Орлеан. Најефикасен на овој меч беше кошаркарот на Дижон, Симон со 18 постигнати поени.