Ненад Димитријевиќ беше сведок на шокантен прволигашки натпревар во кој што неговиот тим Хувентуд Бадалона со постигната тројка во последниот напад од страна на Басас стигна до огромен триумф над минатогодишниот шампион Басконија со резултат од 83:82.
Најефикасен кај Хувентуд беше Томиќ со 23 поени, додека херојот Басас постигна 19 поени, додека Хенри на спротивната страна реализираше 24 поени за Басконија.
Ненад Димитријевиќ одигра 15 минути на паркетот во кој реализираше 7 поени и по 2 скока и 2 асистенции, сосема доволно да се израдува на победа над актуелниот шампион.



