
Пенрит Пантерс се на чекор до одбрана на титулата во НРЛ од минатата сезона.
Имено, ,,Пантерите” изборија трето финале во низа, совладувајќи ги Саут Сиднеј Рабитохс во полуфиналето со 32-12.
Рабитохс одлично го почнаа мечот со серија од 12-0 преку шутевите на Латрел Митчел и есеите на Коди Вокер (11′) и на Ричард Кенард (18′).
Сепак, грешките во дефанзивниот ред во финишот на полувремето им овозможија израмнување на домаќините, кои потполно издоминираа во вториот дел со низа од 20-0.
Во листата на поентерите за Пантерс се запишаа Нејтан Клери (77′ + 6/6), Аписаи Короисау (35′), Брајан То’о (39′), Спенсер Лениу (44′) и Изак Таго (54′).
Во големото финале, Пенрит ќе ги одмери силите со Парамата Илс, кои вчера славеа над НК Каубојс со 20-24.




