
Во увертирата на единаесеттото коло од англиската Лиг 1, Ексетер триумфираше над Форест Грин со убедливи 0-4.
Двете екипи се соочија меѓусебно за првпат во историјата во третата лига, откако минатата сезона ги освоија првите две места во четвртиот ранг.
Кобен за домаќините беше нивниот поранешен играч, Џевани Браун (п. 26′, 41′, п. 83′), кој постигна хет-трик и асистираше еднаш кон Сем Номб (6′).
На табелата, Ексетер скокна на шестото место, додека Форест Грин остана во опасната зона.