
Четвртиот тенисер на АТП ранг-листата, Стефанос Циципас, избори пласман во третата рунда на првиот грен-слем во годината – Австралијан Опен.
Гркот, во втората фаза, после точно двесте минути игра, ја оправда фаворитската улога и го доби Аргентинецот Себастијан Баез со 3-1.
По сетови, резултатот гласеше 7-6 (7-1), 6-7 (5-7), 6-3 и 6-4 во корист на Циципас.
Аргентинскиот тенисер освои вкупно два гема на противнички, но загуби четири гема на свој сервис што ја претставуваше разликата помеѓу двата ривали.
Циципас имаше дури 63 неизнудени грешки, наспроти 48 на Баез, кои успеа да ги анулира со подобриот биланс на винери од 44-35.
Во третото коло, Циципас ќе го чека победникот од дуелот помеѓу Григор Димитров и Бенуа Пер.




