По двете титули во 2013 и во 2016, Јамајка Талавахс дојдоа и до третата круна во Карипската Премиер лига во Т20 крикет.
Во финалето, новите шампиони ги поразија Барбадос Ројалс на ,,Провиденс Стадиум” во Гвајана со 161/7 (20) – 162/2 (16.1).
Во првиот ининг, од удирачите на Ројалс, најмногу се истакнаа Азан Хан со 51 и Рахим Корнвал со 36 поени, додека, по три викети од фрлачите на шампионите освоија Фабијан Ален (3-24) и Николсон Гордон (3-33).
Од офанзивните редови на Јамајка, Брендон Кинг (83*) и Шамар Брукс (47) беа најзаслужни за триумфот, додека, учинок од по 1-14 за Барбадос направија фрлачите Кајл Мајерс и Џејсон Холдер.