
Сиетл Маринерс го прекинаа најдолгиот ,,пост” во МЛБ и после 21 година се квалификуваа во плејофот.
Историскиот чин за Маринерс беше остварен со синоќешната победа од 2-1 на домашен терен против Оукленд Атлетикс.
Делириум на ,,Т-Мобајл Парк” донесе Кал Рајли, кој постигна победоносен хоум-ран со последниот удар на натпреварот.
Претходно, по еднаш топката на трибините ја однесоа Тај Френс за домаќините и Шеј Лангелиерс за гостите.
Во Американската лига, Оукленд (56-101) го држи последното место, а Сиетл (86-70) се зацврсти на петтата позиција.




