
Синоќа, Детроит Тигерс дојдоа до третата победа во низа, откако им го нанесоа третиот последователен пораз на Ст. Луис Кардиналс.
Имено, претставниците на Мичиген славеа на домашен терен со резултат од 6-2.
Кардиналс, после два и пол ининзи, водеа со 0-2, но во продолжение, ,,Тигрите” направија серија од 6-0.
Поените за поразениот состав ги постигнаа Нолан Аренадо со хоум-ран и Ларс Нутбаар со трчање.
На спротивната страна, топката на трибините ја ,,лансираа” Дез Камерон и Џонатан Шуп, а по четири бази, освен споменатиот Камерон, освоија Џејк Роџерс, Акил Баду и Вили Кастро.
На табелата на Американската лига, Детроит (32-42) ја држи дванаесеттата позиција, додека Кардиналс (36-38) се единаесетти во Националната лига.