ПАОК од Солун e блиску до титулата шампион во Грција откако во првиот финален натпревар славеше над составот на Вериа со убедливи 32-18.
Најзаслужна за триумфот е македонскиот пикер Марија Николиќ која блескаше со 12 голови. Останатите две македонки во дресот на ПАОК исто така дадоа голови. Дајана Јовановска постигна 2, додека Андреа Белеска 1 гол.



