Екипата на Тампа Беј Лајтнинг беше само на чекор до второто финале во низа, откако поведе со вкупни 3-2 против Њујорк Ајландерс во полуфиналето.
Сепак, Ајландерс не им дозволија на гостите од Флорида да ја искористат првата ,,меч-топка”, откако синоќа ги поразија со 3-2 после продолжение.
За Лајтнинг, сè започна според посакуваното, бидејќи на половина од натпреварот водеа со 0-2, преку Брејден Поинт и Ентони Сирели.
Ајландерс успеаја да изборат дополнителен период со головите на Џордан Еберле во втората и на Скот Мејфилд во третата третина.
После вкупно 68 дополнителни секунди, ,,мајсторка” обезбеди Ентони Бовилие, кој стрелаше за целосен пресврт и за триумф на Ајландерс.
Седмиот меч помеѓу двата ривали е закажан за вечерта помеѓу 25 и 26 јуни со почеток од 02.00 часот после полноќ.