Денес, по 63. пат во историјата, се одржа еднодневната велосипедска трка Е3 Саксо Банк Класик, долга 203,9 километри.
На неа, после фантастично бегство, до петтата еднодневна победа во кариерата дојде Данецот Каспер Асгреен.
Возачот на ,,Декојнинк-Квик Степ” ја помина трасата за време од 4:42:37 и му го донесе третиот триумф во низа на својот тим на оваа трка.
Позади него следуваше група од шест други велосипедисти, кои доцнеа 32 секунди.
Од нив, на подиумот завршија Флоријан Сенехал и Матје ван дер Пуел, а без пиедестал останаа Оливер Несен, Здењек Штибар, Грег Ван Авермет и Дилан ван Баарле.
📸 Tim de Waele/Getty Images



