На денешната КХЛ програма се наоѓаа два четврт-финални дуели, кои завршија со ист резултат од 4-0 во корист на домаќините.
Имено, Авангард Омск триумфираше над Металург Магнитогорск и поведе со вкупни 3-2, додека СКА Ст. Петербург, со вкупни 4-1, го елиминираше Динамо Москва.
За Авангард, хет-трик постигна Корбан Најт, а освен него стрелаше и Јегор Чинахов.
Што се однесува до голманската улога на победничкиот состав, Симон Хрубец потполно издоминира со 38/38 одбранети удари и со една асистенција.
Од друга страна, на вториот дуел, за СКА погодија четири различни хокеари, односно Евгениј Тимкин, Емил Галимов, Игор Ожиганов и Владислав Цицјура.
Нивниот голман, Магнус Хелберг, дохде до вториот шут-аут во плејофот, откако ги одбрани сите 25 шутеви на Динамо.
📸 Twitter: @hcSKA