Последниот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во ски скокови се одвива во словенечката област – Планица.
Поради лошите временски услови, денешните квалификации беа одложени, а на натпреварувањето, наместо две, беше одржана само една серија.
До победата, со лет од 232 метри вреден за 237,3 поени, дохде актуелниот светски шампион во ски летови – Карл Гајгер.
Со оваа победа, Германецот го презеде водството во вкупниот поредок на мини-турнејата Планица 7.
На второто место се пласираше водечкиот во поредокот на ски летови, односно вчерашниот победник – Рјоју Кобајаши.
Подиумот го комплетираше домашниот претставник, Бор Павловчич, кој го зазеде третото место.
Во продолжение, пласман во првите десет изборија уште: Домен Превц, Роберт Јохансон, Јукија Сато, Пјотр Жила, Маркус Ајзенбихлер, Даниел Хубер и Јакуб Волни.
📸 Franz Kirchmayr/SEPA.Media /Getty Images