
На три од последните четири средби, Каролина Хурикејнс запишаа триумф со по три постигнати погодоци.
Синоќа, ист беше случајот и против Филаделфија Флаерс, каде што Хурикејнс славеа со резултат од 3-1.
Во втората третина, водство на домаќините им донесе Стив Лорентц, а само осум минути подоцна, на 1-1 израмни Дерик Брасард.
Во третиот период, Каролина покажа подобра игра и дојде до конечниот резултат со двата гола на Џордан Мартинук и на Себастијан Ахо во последните четири минути.
Во Источната конференција, Хурикејнс го заземаат првото место, додека Флаерс се наоѓаат на четиринаесеттата позиција.




