
Во текот на вчерашниот ден во Викерсунд (Норвешка) беше комплетирано Светското првенство во ски летови во индивидуална конкуренција.
Со титулата светски првак се закити домашниот натпреварувач, Мариус Линдвик, кој имаше најдобро издание во првата и во третата серија.
Младиот Словенец, Тими Зајц, е новиот вицешампион, откако ги имаше најдолгите изданија од 242,5 и од 243,5 метри, но од златото го оддалечи киксот во втората серија (218 метри).
Светскиот рекордер, Штефан Крафт, го комплетираше победничкиот пиедестал и ја освои втората индивидуална бронза во ова натпреварување.
Во продолжение следуваа тројца Словенци, Петер Превц, Анже Ланишек и Домен Превц, а во првите десетмина завршија уште Михаел Хајбок, Карл Гајгер, Јукија Сато и Јохан Андре Форфанг.