
Тампа Беј Рејс дојдоа до третата победа на последните четири пресметки, совладувајќи ги Сиетл Маринерс со 3-2.
Во првиот ининг, домаќините поведоа со трчањето на Ренди Арозарена, а во четвртиот период додадоа уште два поени преку Кевин Кирмајер (хоум-ран) и преку Тејлор Волс.
До крајот, Маринерс успеаја само да го намалат својот заостаток, благодарение на хоум-раните на Џеј Пи Крофорд и на Абрахам Торо.
Од фрлачите на Тампа, одличен беше стартерот Дру Расмусен, кој освои девет страјк-аути за шест ининзи.
Во Американската лига, Сиетл (11-7) падна на четвртото, а Тампа Беј (10-8) дојде до петтото место.




