Најдобрите екипи во македонската суперлига Вардар и Еурофарм Пелистер остварија победи во рамките на петтото коло од плеј-офот. Вардар славеше на гостувањето кај Охрид со 21:28, додека Еурофарм Пелистер со 26:32 го совлада Тиквеш во Кавадарци.
Најдобри кај Вардар беа Јоел Куни Моралес со 7 и Филип Талески со 5 постигнати голови, додека во редовите на Охрид се истакнаа Филип Кривокапиќ со 6 погодоци.
Јосип Божиќ Павлетиќ со 13 гола беше најефикасен во победата на Еурофарм Пелистер, додека Стипе Мандалиниќ даде 9 гола, а кај Тиквеш се истакна Стефан Трпчевски со 6 гола.
Големото дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се игра в недела на 1. мај во салата „Боро Чурлевски“ во Битола