
После серијата од четири порази, екипата на Винипег Џетс успеа да дојде до два последователни триумфи.
Синоќа, ,,жртва” на претставниците на Канада беа Филаделфија Флаерс, кои загубија со 4-0.
Флаерс играа подобро во текот на мечот, но сите нивни триесет и четири шутеви беа запрени од Ерик Комри, кој дојде до првиот шут-аут во НХЛ.
Од друга страна, голови за Џетс постигнаа четири различни хокеари, односно Пјер-Лук Дубуа, Николај Елерс, Блејк Вилер и Кајл Конор.
Во Западната конференција, Винипег го држи единаесеттото место, додека Филаделфија е петнаесетти тим на Истокот.