Во заостанатиот натпревар од 12. коло од италијанската одбојкарска Серија А, екипата на Трентино во потполност ја оправда својата фаворитска улога.
Имено, избраниците на Анџело Лоренцети со 3-0 ја декласираа Падова и со тоа ја продолжија серијата од тринаесет победи во низа, во сите натпреварувања, што ги доведе до третото место на табелата.
Од друга страна, Падова, на последните шеснаесет средби, има само две победи и ја зазема претпоследната позиција во Серија А.
По сетови, денешниот резултат гласеше: 25-13, 25-22 и 35-33.
Во домашниот состав, со 23 поени и со 66% успешност во нападот, најефикасен беше Холанѓанецот Нимир Абдел-Азиз. Освен него, двоцифрени беа Рикардо Лукарели (13) и Марко Подрашчанин (10).
Кај Падова, Тончек Штерн (14) и Матија Ботоло (17) беа единствени со над десет постигнати поени.
📸 Trentino Volley