Автомобилист Екатеринбург, за првпат во новата 2021 година, успеа да поврза две победи.
Имено, Авто пред два дена го порази Јокерит со 2-0, а денес беше подобар од Спартак Москва со 0-1.
За нив, одличен факт е дека на последните две средби и двата клупски голмани, Владислав Грос и Јакуб Ковар, забележаа по еден ,,шут-аут”.
Стрелец на единствениот погодок на мечот беше Вјачеслав Литовченко во првата третина, односно во момент кога неговиот состав имаше играч помалку на ледената плоча.
Со новиот триумф, Автомобилист скокна на петтото место на Истокот, додека Спартак е седми на Западот.
📸 HC Spartak Moscow