Ѕвездата помеѓу стативите на Ванкувер Кенакс, голманот Јакоб Маркстром, потпиша шестгодишен договор со Калгари Флејмс, според којшто ќе заработува по шест милиони долари по сезона.
Швеѓанецот беше најзаслужен за пласманот на Кенакс во плејофот изминатата сезона, со дури 92% одбранети шутови кон неговиот гол, иако ги пропушти последните мечеви од регуларната сезона поради повреда.