Екипата на Динамо Минск ја запиша првата победа после двата врзани порази, оправдувајќи ја фаворитската улога против Кунлун Ред Старс.
Имено, Белорусите беа подобри од кинескиот состав со резултат од 2-0.
Стрелци на головите беа Владислав Јерјоменко во втората и Игор Мартинов во третата третина.
Во првата минута од третиот период, Александер Когалев промаши пенал, кој дополнително ќе ја зголемеше предноста на Динамо Минск во тој период од мечот.
Освен головите, натпреварот го обележа и физичката пресметка на Мартинов и на Руслан Педан.
Со оваа победа, белорускиот состав навидум го зацврсти третото место на Западот, додека Кунлун останува последен тим на Истокот, а воедно и во цела лига.