Репрезентативната пауза ги одложи натпреварите од најдобрите европски лиги, па затоа на денешниот програм беше мечот помеѓу Флитвуд и Хал што го отвори петтото коло од англиската трета лига, односно Лиг 1.
Флитвуд ја имаше иницијативата во поголемиот дел од првото полувреме, кое накрај заврши со 1-1.
Најпрво, Харви Саундерс го однесе домаќинот во водство, со голот во 17. минута, а четири минути подоцна, Џорџ Ханимен израмни за Хал на 1-1.
Токму Ханимен беше виновен за вториот гол на Флитвуд, откако, во воведните минути на вториот период, речиси му асистираше на противничкиот напад, од којшто најдобро се снајде новото засилување од Рочдејл – Калум Кемпс.
Во 67. минута, Саундерс го постигна и вториот гол на мечот, а шест минути подоцна, во листата на стрелците се запиша и Сем Стабс за конечни 4-1 за Флитвуд.
За Хал, ова беше прв пораз по воведните четири последователни победи, а составот предводен од Џои Бартон го запиша вториот триумф во новата сезона.



