
Транмер Роверс се вратија во плејоф-зоната на англиската Лиг 2, откако во увертирата на четиринаесеттото коло славеа над Кру Александра со 3-0.
На табелата, со новите три бода, домаќините скокнаа на шестото место, спуштајќи ги своите ривали на тринаесеттата позиција.
Во текот на мечот, домаќините беа далеку подобар тим и го завршија првото полувреме со водство од 1-0, благодарение на Дајнел Симеу (22′).
Во второто полувреме, мрежата на Артур Оконкво се затресе уште двапати, а двоен голгетер беше Елиот Невит (56′, 90′).




