
На 537. издание на северноирското ,,Биг 2 Дерби”, Гленторан го порази Линфилд со 0-3.
За номиналните гости, ова беше 161. меѓусебен триумф, остварен во единаесеттото коло од северноирскиот Премиершип.
После првото полувреме, резултатот гласеше 0-0, но актуелните шампиони останаа со играч помалку во 30. минута, кога Мајкл Њубери доби втор жолт картон.
Во вториот дел, избраниците на Мик МекДермот ја искористија играчката предност и стигнаа до победата со головите на Боби Барнс (48′) и на Дени Паркис (76′, 90+1′).
На табелата, Гленторан изби на третото место, додека Линфилд остана на шестата позиција.




