
На првиот меѓусебен дуел во 2021, Трактор Чељабинск го порази Сочи до 4-2 и ја запиша седмата победа во низа.
На мечот, Томаш Хика (Трактор) го отвори резултатот во шестата минута, а кон средината на првата третина, во интервал од 45 секунди, Амир Гарајев и Никита Феоктистов направија целосен пресврт во корист на Сочи.
Сепак, тоа беше сè што се однесува до ефикасноста на ,,Леопардите”, бидејќи голманот Роман Вил им ги одбрани сите 19 шутеви во наредните две третини.
Во воведниот дел од третиот период, Хика, со вториот гол на мечот, израмни на 2-2, а во последните две и пол минути, Теему Пулкинен и Никита Тертишни го поставија конечниот резултат.
Во Источната конференција, Трактор се искачи на второто место веднаш зад Металург, додека Сочи е последен тим на Западот.