
Публиката во Белфаст уживаше во првото четврт-финале на опен-турнирот на Северна Ирска, откако домашниот натпреварувач, Марк Ален, со пресврт го порази Џад Трамп со 5-3.
Светскиот играч број два поведе со навидум убедливи 3-0, притоа забележувајќи ја својата втора ,,стотка” на овој турнир.
Во четвртиот фрејм, Трамп имаше сè во свои раце за да стекне водство од 4-0, но направи кардинална грешка и му овозможи на Ален да замине на пауза со 3-1.
Петтиот фрејм, исто така, беше кобен за Трамп, бидејќи Северноирецот со голема доза на среќа ја смести жолтата топка во средната дупка и намали на 3-2.
Во наредните три партии, Трамп не успеа да се соземе од колосалниот кикс во првата сесија што резултираше со конечен пораз.
Засега, Ален е единствен полуфиналист на првиот турнир од серијата на домашните нации и го чека победникот од дуелот помеѓу Шон Марфи и Рики Волден.



