Трактор од Чељабинск ја оствари шестата победа во последните седум средби, откако денес го совлада Нефтехимик од Нижњекамск со убедливи 6-3.
Нижњекамск пружеше отпор до воведните минути на вториот период, кога резултатот гласеше 2-2. Оттогаш, па сè до крајот, Трактор направи серија од 4-1 за прекинување на победничката серија од два врзани триумфи на протовникот.
Стрелци за домаќините беа шест различни хокеари, односно Артјом Михејев, Лукаш Седлак, Сергеј Калинин, Томаш Хика, Алексеј Бивалцев и Јакоб Берглунд, додека, за Нефтехимик погодија Даниел Бицајев, Тимур Хафизов и Либор Худачек.
По овој двобој и двете екипи си ги задржаа истите позиции на табелата, односно Трактор остана шести, а Нефтехимик – десетти на Истокот.