Денес беше одржано 104. издание на една од најпознатите еднодневни велосипедски трки – Туд низ Фландрија. Оваа година, патеката беше долга 243,3 километри, односно тргнуваше од Антверп, а завршуваше во Оуденаарде.
После исцрпувачките речиси шест часа возење, победникот го одлучи завршниот спринт, по претходното бркање во завршните километри. Имено, во последните двесте метри, Матје ван дер Пуел успеа да го отспринта својот ривал, Вут Ван Аерт, за да ја запише својата прва победа на белгиската трка, а воедно и шестиот триумф на еднодневните класици.
Од друга страна, Ван Аерт беше одличен на овогодинешните трки, остварувајќи победи на три етапи на Тур д Франс, на националното хронометарско првенство, на Страде Бјанке и на Милано-Сан Ремо.
Освен горенаведените возачи, на подиумот се најде и Норвежанецот Александер Кристоф, кој заостануваше осум секунди.
Голем пропуст на денешната трка имаше актуелниот светски шампион, Жулиен Алафилип, кој доживеа пад, откако се судри со мотор.