Во рамките на 10 коло од Прва ЖФЛ во фер и коректен натпревар во Скопје на теренот на ,,Јован Мандаровски” домашната искусна прволигашка екипа со шампионско реноме тимот на ЖФК Скопје дојде до висок триумф од 10:0 над младата и неискусна екипа на ЖФК Атлетико од Битола.
Стрелци за нови три бода и за приклучување на врвот на табелата беа Драгана Гегова која што постигна дури 4 гола, а по еден гол во мрежата на битолчанки постигнаа капитенката Афродита Салихи, Теа Божиновска, Александра Марковска, Сара Коларовска и на два пати фудбалерките на ЖФК Атлетико сами си постигнаа автогол за вкупен резултат од 10:0.