
Торпедо Нижњи Новгород му стана редовна ,,жртва” на Салават Јулаев Уфа, откако денес го запиша петтиот меѓусебен пораз во низа.
Имено, ,,Зелените” ја продолжија победничката серија што трае веќе три години, со денешниот триумф од 0-2.
Двоен стрелец за гостите од Уфа беше Финецот Сакари Манинен, кој ја затресе мрежата на Андреј Тихомиров по еднаш во првата и во третата третина.
Неговиот соиграч, а воедно и сонародник, Јуха Метсола, беше протагонист во победата на својот тим, поради фактот дека со одбранетите 39/39 противнички удари го запиша својот трет овосезонски шут-аут.
Во Источната конференција, Уфа скокна на третата позиција, додека Торпедо падна на деветтото место на Западот.