Во третото коло од Лигата на Европа екипата на Еурофарм Пелистер славеше во Атина кај досега непоразениот АЕК со 27-30.
Најдобри во тимот на Пелистер беа Периќ со 8 гола, пред Табоада со 6 погодоци. На голот на Пелистер одличен беше Секељи со 9 одбрани, од кои 3 седмерци.