Торонто Мејпл Лифс ја запишаа третата победа во низа, односно првата над Вегас Голден Најтс после две години.
Имено, синоќа, во ,,Скошабанк Арена”, Канаѓаните ги поразија гостите од Невада со резултат од 4-0.
Двоен стрелец на мечот за Мејпл Лифс беше Остон Метјус во втората третина, а освен него, во листата на стрелците се запишаа уште Митч Марнер и Вилијам Ниландер.
За голманот на домаќините, Џек Кемпбел, ова беше прв шут-аут во сезоната, после одбранетите 26/26 противнички удари.
Со новата победа, во Источната конференција, Торонто се искачи на осмото место, додека Вегас е единаесетти тим на Западот.