
По серијата од три порази, Милвоки Бакс ја оправдаа фаворитската улога и ги совладаа Детроит Пистонс со 89-117.
За претставниците на Висконсин, синоќешниот триумф беше вкупно шеснаесетти над Детроит во меѓусебните дуели, а активната серија датира уште од 7 јули 2018, односно од Летната лига.
На мечот, Пистонс водеа во два наврати, со 3-2 и со 6-4, а во продолжение, Бакс ја започнаа својата доминација и креираа двоцифрено водство веќе во втората четвртина.
Од сите кошаркари, најефикасен со 28 поени, со 8 скокови и со 9 асистенции беше Јанис Антетокумбо од редовите на Бакс.
Од неговите соограчи, поентерски се истакнаа уште Пет Конахтон и Џордан Нвора со по 16 кошеви.
Кај Детроит, само два играчи имаа двоцифрен број на постигнати поени, односно Џерами Грант (21) и Треј Лајлс (13).
Во Источната конференција, Бакс (4-4) го делат десеттото место со Кливленд Кавалирс, додека Пистонс (1-6) се осамени на самото дно.