Иако ја завршија регуларната сезона на солидното трето место, Атланта Брејвс влегоа во плејофот како аутсајдери, пред сè поради повредите на неколку клучни играчи (Роналд Акуња, Марсел Озуна, Стивен Вогт…).
Сепак, претставниците на Џорџија им пркосеа на предвидувањата и успеаја да ја освојат првата клупска титула после 1995 година.
Во големото финале, Брејвс ги поразија Хјустон Астрос со вкупни 4-2, откако на шестиот дуел славеа со убедливи 0-7.
Најпрво, во третиот ининг, Хорхе Солер ја однесе топката на трибините додека на базите беа Ози Албис и Еди Росарио за почетно водство на гостите од 0-3.
Во петтиот период, Дансби Свансон го повтори истиот потег, а во улога на поентери, по вторпат се најдоа Албис и Солер.
Конечниот резултат го постави Фреди Фримен во седмата деветтина со својот петти хоум-ран во тековниот плејоф што е израмнување на рекордот на Брејвс, заедно со Фред МекГриф од 1996.
Од фрлачите, единствен во франшизната антологија со шест страјк-аути во последниот финален дуел беше воедно и денешниот стартер – Макс Фрид.
Инаку, на патот до финалето, Атланта ги елиминираше двата најголеми фаворити за насловот – Милвоки Бруерс и ЛА Доџерс.