
По низата од четири порази, Бафало Сабрес се вратија на победничките патеки, совладувајќи ги Торонто Мејпл Лифс со 3-4.
На мечот, Канаѓаните поведоа со 2-0 преку Остон Метјус и преку Кале Јарнкрок, а конечниот резултат го постави Вилијам Ниландер.
Во меѓувреме, гостите направија целосен пресврт, благодарение на Џек Квин, на Алекс Так (х2) и на Дилан Козенс.
Во Источната конференција, Бафало скокна на десеттата позиција, додека Торонто го зазема четвртото место.