Синоќа понеделник 13.03.2023 во хотел Београд во Струга од 20 до 21 часот се одржа едукативен семинар по областа Исхрана во спортот.
Настанот го организираа Џудо клуб “Дрим” од Струга и Планинарско и еколошко друштво ,,Гороцвет на Јабланица,, .

Предавачи на настанот беа м-р Ѓорѓи Стојанов (тренер во ЏК “Дрим” од Струга) кој говореше на тема: Исхрана пред тренинг и натпреварување, и Прим. Д-р Оливер Бојчески (Специјалист по спортска медицина и специјалист по трудова медицина) кој говореше на темата: Исхрана после тренинг и натпреварување.


Убав и едукативен семинар кој се надеваме ќе продолжи да се одржува и во иднина и на други теми. Прим. Д-р Оливер Бојчески од спортската медицина во Струга ги повикува сите клубови од Струшко-охридскиот регион активно да се вклучат и да иницираат во иднина вакви настани кои ќе бидат од особе интерес за спортистите и постигнување подобри резултати.
