Вечерва во Битола ќе се одигра последниот натпревар од групната фаза на СЕХА лигата, во кој Еурофарм Пелистер ја пречекува екипата на Нексе.
Знаеме дека Нексе е квалитетен противник и квалитетна екипа. Секоја година цели високо и не треба да трошиме зборови за нив. Не сме комплетни, но со нов стручен штаб и со нова енергија ќе се обидеме да дадеме максимум и ќе се обидеме да издвојуваме позитивен резултат.- изјави крилото Гоце Ојлески