Актуелните шампиони, Торонто Рапторс, ја завршија половина работа за пласман во четврт-финалето, откако вечерва ги поразија Бруклин Нетс со 104-99 и поведоа со вкупни 2-0 во меѓусебната серија.
Бруклин водеше константно во првите три четвртини, но Торонто ја консолидира својата игра кога беше најпотребно и со 30-19 во последната четвртина стигна до посакуваната победа.
Најефикасни играчи на мечот беа Норман Пауел и Фред ВанВлит од Торонто со по дваесет и четири поени, додека, со дваесет и еден поен, од Бруклин, најпрецизен беше Герет Темпл.



