Синоќа, Вегас Голден Најтс изборија пласман во четврт-финалето, откако ги совладаа Чикаго Блекхокс со вкупен резултат од 4-1, а денес, со ист резултат, Тампа Беј Лајтнинг успеа да ја елиминира екипата на Колумбус Блу Џекетс.
На последниот натпревар од меѓусебната серија, Тампа Беј славеше после продолжение со 5-4. Најпрво, екипата од Флорида поведе со 2-0 преку Тајлер Џонсон и Блејк Колман, но во наредните четириесетина минути игра, Блу Џекетс направија пресврт од 2-4. Стрелци за претставниците на Охајо беа Ник Фолињо, Кевин Стенлунд, Александер Венберг и Оливер Бјоркстранд.
До крајот на третата третина, Тампа Беј успеа да избори продолжение со головите на Кевин Шатенкирк и на Ентони Сирели. Во продолжението, Брејден Поинт го испрати Лајтнинг во четврт-финалето односно ги испрати Блу Џекетс во својот дом.



