
Во првиот синоќешен натпревар од МЛБ, Ст. Луис Кардиналс им го нанесоа четвртиот пораз во низа на Канзас Сити Ројалс, совладувајќи ги со минимални 1-0.
Единствениот поен на мечот падна во првиот ининг, откако Пол Голдшмидт го постигна својот втор овосезонски хоум-ран.
Исто така, во петтиот период, восхит во публиката предизвика и дефанзивната реакција на Мајкл Тејлор (Канзас Сити), кој спречи чист хоум-ран на Ендру Кизнер (Ст. Луис).
Во Националната лига, Кардиналс (13-9) се искачија на седмото место, додека Ројалс (7-14) останаа на претпоследната позиција во Американската лига.