
Од почетокот на 2023, Њујорк Ајлендерс одиграа дванаесет средби и запишаа дури десет порази.
Синоќа, Ајлендерс дојдоа до петтата загуба во низа, откако изгубија од Торонто Мејпл Лифс со 5-2.
После 26 минути игра, гостите водеа со 1-2, но во наредните 20 минути примија дури четири погодоци.
За претставниците на ,,Големото јаболко”, во листата на стрелците, двапати влезе Андерс Ли, со по еден гол во првата и во втората третина.
Од друга страна, за Мејпл Лифс реализираа Вилијам Ниландер (х2), Џон Таварес, Кале Јарнкрок и Остон Метјус.
Во Источната конференција, Ајлендерс се наоѓаат на десеттото место, додека Торонто ја зазема третата позиција.




