Македонија со 40-25 го совлада Мароко и ја забележа втората победа на Светското првенство. Во среда против Јужна Кореја од 18 часот во ќе се бориме за 27. позиција.
Кузмановски со 8 голови беше нашиот најефикасен ракометар. Атанасијевиќ постигна 7, Костески и Серафимов дадоа по 6 погодоци. На голот одличен беше Томовски со 14 одбрани.