
Отсекогаш, куп-натпреварувањата знаеја да приредат сензации и да ни ја доловат назад магијата на фудбалот.
Сепак, синоќа, во 1/16-финалето на Шкотскиот куп, сензацијата кулминираше кога еден од претендентите за титулата, Абердин, доживеа елиминација од шестолигаш.
Имено, Дарвел е целосно аматерски клуб, кој го оствари најголемиот успех во својата 134-годишна историја, триумфирајќи со минимални 1-0 над целосниот фаворит.
Човек на одлуката за домаќините беше Џордан Киркпатрик (19′), кок со голот во првото полувреме му закажа осминафинале на својот клуб против третолигашот Фалкирк.
Абердин, уште од самиот старт, на теренот извади квалитетна постава, а македонскиот интернационалец, Бојан Миовски, влезе на стартот на второто полувреме на местото на Метју Кенеди.