Њујорк Јенкис го запишаа третиот пораз на последните четири натпревари, откако синоќа беа декласирани со 14-1 од страна на дивизиските ривали Торонто Блу Џејс.
Блу Џејс доминираа во сите сфери на играта, а пресуден беше шестиот ининг во којшто постигнаа осум поени, односно, од 5-1, поведоа на 13-1.
На натпреварот паднаа и два хоум-рани што беа дело на Дени Џенсен од редовите на победничкиот состав.
После овој меч, ситуацијата на табелата за двете екипи остана непроменета, односно Јенкис се петтопласирани со 32-24, а Торонто е две позиции подолу со 29-27.



