Мајами Хит поведоа со 3-1 во полуфиналната серија против Бостон Селтикс и се на чекор до првото финале после 2014.
На четвртиот натпревар, екипата од Флорида запиша победа од 112-109 во неизвесна и изедначена игра.
Најефикасен кошаркар од Мајами беше дебитантот Тајлер Херо, кој запиша 37 поени, а Џими Батлер и Горан Драгиќ додадоа уште 24, односно 22 поени.
Кај Селтикс, најмногу се истакна Џејсон Татум, кој ги постигна сите свои 28 поени во второто полувреме.



