Екипата на Перистери, предводена од Теран Питвеј (24 поени), го изненади фаворизираниот Панатинаикос во полуфиналето на грчкиот кошаркарски Супер Куп.
Имено, екипата од истоименото предградие на Атина славеше со 82-90, после неколкуте прецизни шутирања за три поени во второто полувреме.
Во денешното финале, Перистери ќе ги одмери силите со Промитеас, кој, со 98-88, го порази АЕК.



