
После осумте врзани триумфи, Торонто Рапторс запишаа два порази.
Имено, синоќа, канадските претставници беа декласирани со 120-90 од Њу Орлеанс Пеликанс.
Пеликанс водеа во текот на цел натпревар, а во четвртата четвртина ги достигнаа и максималните +34, кои им донесоа сигурен триумф.
Од победничките редови, Брендон Инграм (10 поени и 11 скокови) имаше дабл-дабл учинок, а најефикасен од неговите соиграчи беше Си Џеј МекКолум со 23 поени.
На спротивната страна, најрасположени во нападот беа Паскал Сијакам и Фред ВанВлит со 18, односно со 20 кошеви.
На Истокот, Торонто (31-25) го зазема седмото место, додека Њу Орлеанс (23-34) е единаесетти во Западната конференција.




